Скопје

На СДСМ не им сметаше бесплатен паркинг за нивни функционери, а сега им смета поевтин паркинг за народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ го крадеше Градски паркинг, сега Данела Арсовска и мнозинството на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали цената на паркинг услугите, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ овозможи стотици нивни функционери бесплатно, надвор од рамките на заканот под рака да користат паркинг услуги, а сега кога точка на дневен ред е намалување на цената на паркинг услугите тие гласаа против.

Градски Паркинг СДСМ и ДС го претворија во дувло на непотизам, а денес гласаа во Советот против поевтинување на услугите за паркинг.

СДСМ е против народот“, се вели во соопштението.

На почеток