(ВИДЕО) Русите го земаа Чернобил, реакторот е покриен со заштитна обвивка


Според последните информации, Чернобил паднал во рацете на Русите.
Нуклеарната централа Чернобил, во која во 1986 година експлодира реакторот, што е најсериозниот нуклеарен инцидент во историјата, падна во рацете на Русите, потврди советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Реакторот е покриен со заштитна обвивка за да се спречи зрачење.
„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна, по целосно бесмислен напад“, изјави тој, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека тоа е најсериозната закана за Европа денес.
Имено, Герашченко објави и видео од заробен војник чија бригада се предала.
Претходно денеска Антон Герашченко од украинското Министерство за внатрешни работи објави дека Русите го освоиле Чернобил, но дека руските војници од една бригада се предале. Имено, Герашченко објави и видео од заробен војник чија бригада се предала.
Исто така, Алена Шевцова, советник на командантот на копнената армија на вооружените сили на Украина, објави дека Русите ја презеле нуклеарната централа во Чернобил и го заробиле персоналот.
Сепак, информациите се уште се прецизираат.
Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Тоа е објава на војна на цела Европа, рече Зеленски.
