Украина бележи зголемена радијација по окупацијата на Чернобил
Украина во петокот извести за зголемување на нивото на радијација во изумрената нуклеарна централа во Чернобил поради, како што тврди Киев, руската воена активност која предизвикала радиоактивна прашина да се издигне во воздухот, пренесува Ројтерс.
Нуклеарната централа Чернобил беше окупирана од руските сили во четвртокот.
Експертите од Украинската државна агенција за нуклеарна енергија не кажаа точно колку е зголемено нивото на радијација, но рекоа дека тоа „расте и засега не е критично за Киев“.
„Го следиме нивото на радијација“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Зголеменото ниво на радијација се припишува на движењето на тешкото воено оружје, кое предизвикало радиоактивната прашина да се издигне во воздухот.
Критичната инфраструктура на нуклеарната централа не е оштетена и не се прекинати основните работи околу одржувањето на нуклеарната централа, соопшти Европската банка за обнова и развој.
Чернобил се наоѓа на околу 100 километри од Киев.
Соседна Полска не забележа зголемување на радијацијата на нејзината територија.