(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев, нападната главната термоцентрала, паника меѓу жителите: „Русите се приближуваат“


Во тек е ракетен напад на руските сили врз главниот град на Украина, јавија новинарите на британските медиуми. Градоначалникот на Киев потврди дека руските сили ја уништиле термоцентралата во близина на главниот град.
Репортерот на Ројтерс потврди дека слушнал гранати во главниот град на Украина
Northeast Kyiv pic.twitter.com/O8aKeC4mIf
— Illia Ponomarenko (@IAPonomarenko) February 25, 2022
Проектили паѓаат врз градот“, јави дописникот на Би-Би-Си.
За ова зборуваше и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој рече дека вечерва се случиле пет експлозии во зоната на термоелектраната Киев ЦХП-6.
– Пет експлозии се случија во интервал од 3-5 минути во близина на ЦХП-6. Службите за итни случаи одат таму. Очекуваме да ги дознаеме деталите – напиша Кличко на каналот Телеграм, пренесува Интерфакс Украина.
ЦХП-6 е најмоќната термоцентрала во Украина и се наоѓа на североисточното предградие на Киев во областа Десњански. Станицата обезбедува централно греење на индустриски компании, станбени и административни згради во областите Дарнички, Днепар, Подил, Десњан и Оболон во главниот град.
Кличко додаде дека мостовите во градот се под заштита и специјална контрола, додека руските војници се приближуваат. Според него, поставени се контролни пунктови во близина на стратешките објекти.
#Ukraine
: fighting has started in #Odessa, unknown what's happening but could be a Russian amphibious assault. pic.twitter.com/2ptSjBdvQv
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 25, 2022
– Ситуацијата без претерување е закана за Киев. Ноќта ќе биде многу тешка – предупреди Кличко.
Претходно имаше информации дека започнал руски напад врз градот Одеса.
