Свет

Русија е одговорна овој конфликт светот мора да го осуди, вели НАТО

Русија е целосно одговорна за овој конфликт и светот мора да го осуди. Ова се наведува во соопштението на шефовите на држави и влади на земјите од НАТО, усвоено на денешниот вонреден состанок на интернет.

-Никој не треба да биде измамен од бранот лаги на руската влада. Силно ја осудуваме целосната инвазија на Русија на Украина со поддршка на Белорусија, се вели во соопштението.

На почеток