Зеленски одби евакуација: „Ми треба муниција, а не транспорт“
Од
Објавено на
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуира од Украина, пишуваат американските медиуми. Зеленски рече дека „борбата е тука“ и дека „нему му треба муниција, а не транспорт“, објави Асошиетед прес.
„Вашингтон пост“ ги цитираше американските и украинските претставници кои велат дека американската влада е подготвена да му помогне на Зеленски.
Претходно, Зеленски одржа драматичен говор во кој вети дека ќе продолжи да се бори, велејќи: „Кога ќе не нападнете, ќе ги видите нашите лица. Не нашите грбови“. Сите сме тука, рече тој, така и ќе останеме.