СДСМ гласаше против поевтин паркинг за граѓаните во Скопје, вели опозицијата
Од
Објавено на
Граѓаните во Скопје плаќаа високи цени за паркинг за во исто време функционери на СДСМ да имаат привилегија да се паркираат бесплатно 24 часа на било кој паркинг во градот, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Да биде уште потрагично СДСМ гласаше против одлуката цените на градскиот паркинг во Скопје да се намалат.
Јавното претпријатие Градски Паркинг СДСМ и ДС го претворија во дувло на непотизам, кој народот го плаѓал со високи цени на паркингот или со високи казни, а сега гласаа во Советот против поевтинување на услугите за паркинг.
Очигледно на СДСМ му пречат мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните.
СДСМ е против народот“, се вели во соопштението.