Најблискиот сојузник на Русија одби да испрати војска во Украина
Казахстан, еден од најблиските сојузници на Русија, го отфрли барањето неговите војници да се приклучат на Украина, соопштија казахстанските власти, пренесува NBC.
Покрај тоа, поранешната советска република соопшти дека не ја признава независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск, кои беа признати од Владимир Путин пред неколку дена.
NBC во својот блог во живо пишува дека ова е „изненадувачки потег на традиционалниот сојузник на Русија“ и дека потегот бил поддржан од САД.
„Ја поздравуваме најавата на Казахстан дека нема да ги признае ЛПР и ДПР“, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност. „Го поздравуваме и одбивањето на Казахстан да испрати свои сили да се приклучат на војната на Путин во Украина.