Свет

Силно невреме ја погоди Австралија, евакуирани жителите на Бризбејн

Најмалку седум лица го загубија животот во невремето што ја зафати Австралија.

Силно невреме го погоди денеска северозападниот австралиски град Бризбејн, што ги принуди жителите да се евакуираат, а училиштата беа затворени, а имаше и прекин на електричната енергија на некои места во сојузната држава Квинсленд.

Повеќе од 1.400 домови во Бризбејн се во опасност од поплави, додека повеќе од 28.000 домови се без струја, објави Ројтерс.

– Не очекувавме толкав дожд. Ова беше дождовна бомба, невидена – изјави премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашук.

Во понеделник ќе бидат затворени повеќе од 100 училишта, а спасувачките служби соопштија дека во претходните денови добивале повеќе од 100 повици за помош за еден час.

Метеоролозите предвидуваат дека бурата ќе продолжи и утре, а потоа ќе се движи кон југ, кон Нов Јужен Велс.

На почеток