Свет

Германските и австриските железници нудат бесплатен превоз за украинските бегалци

Германската железница (Дојче Бан) им понуди бесплатен превоз на сите Украинци кои сакаат да стигнат до Германија од полско-украинската граница, а слична понуда во неделата објави и Австриските железници.

„Од недела, сите украински граѓани можат бесплатно да користат возови од Полска до Германија“, соопшти Дојче Бан (ДБ).

Како што е дополнително објавено, ДБ е во близок контакт со властите и железничките компании во Полска.

Според ДБ, шест возови на ЕК сообраќаат дневно од Пшемишл на полско-германската граница и од Варшава.

Слична понуда до граѓаните на Украина, како што соопшти Министерството за транспорт во Виена, стигна и од Австриските државни железници (ÖBB).

„Вчера се договоривме со ÖBB дека Украинците кои бегаат од војната можат бесплатно да ги користат возовите на Австриските железници. Многу е важно во овој момент да реагираме брзо, и тоа го правиме“, рече министерот за транспорт и транспортна заштита Леоноре Гевеслер.

На почеток