🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

ВМРО ДПМНЕ: Не учествуваме во собраниската дебата за Кривичниот законик - ја уривате правната држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
micevski

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во собраниската дебата за Кривичниот законик, оти, како што велат, со тоа се урива правната држава. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, вели дека предложените измени и дополнувања претставуваат погубни акробации на Зоран Заев и СДСМ.

— реклама —

„Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена“, рече Мицевски.

Собранието ја усвои потребата од донесување на измени на Кривичниот законик по скратена постапка. Предлагачи на измените се неколку пратеници од владејачкото мнозинство. Но од дневен ред беше тргнат членот 353 од Законот, според кој се обвинети или осомничени десетици луѓе во предметите на СЈО.Според овој член се осомничени и пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, поранешните министриГордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, потоа Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ...

— реклама —

Со измена пак на друг член, кој исто така е на дневен ред, се отвора можноста осудениот за Труст, Василије Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ, да добие условна казна, наместо досудената од три години затвор. Пратеничката Авировиќ гласаше за отворање на уставните измени. Овој член ќе влијае и на казната на бизнисменот Сеад Кочан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања