Владата подготвува и реализира издржани мерки за помош на граѓаните, вели СДСМ
Брзата и навремена реакција на Владата предводена од СДСМ беше од суштинска важност за заштита на економијата, стопанството и жвотниот стандард на граѓаните, вели СДСМ
„Така беше и во време на економската криза од ковид пандемијата, така е за време на енергетската криза, така ќе биде и понатаму. Токму пакетите антикризни мерки за поддршка на стопанството со кои се амортизираше негативниот ефект од пандемијата беа оценети позитивно од ММФ со констатација дека се спасени 60 илјади работни места.
Владата внимателно ја следи ситуацијата и во континуитет реагира со реални и издржани мерки, врз основа на претходно направени анализи за ефектите и финансиските импликации.
Владата предводена од СДСМ интензивно работи на подготовка на пакет за помош на граѓаните и економијата, врз основа на издржани мерки кои наскоро ќе се најдат пред пратениците“; се вели во соопштението.