Македонија

Влада: Нема нова амнестија, ниту договор

Владата не планира нова амнестија и нема договор со опозицијата за проширување на опсегот на амнестирање на лицата кои сториле кривични дела преку измени во Кривичниот законик, реагира Владата на информациите дека покрај Законот за амнестија што беше изгласан минатата недела, власта во договор со опозицијата подготвува нова амнестија.

Владата не предлага никакви измени на член 353 од Кривичниот законик и не се очекува каква било промена на тој член во рамки на процесот што се одвива во Собранието, велат од Владата.

Вчера Собранието со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.

Со измените на Кривичниот законик се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Тој гласи: „Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“. Сега се менува на „4 години“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток