🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Иванов: Одговорност од Владата, референдумот не е успешен, а пратениците да го слушаат народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Претеседателот Ѓорге Иванов по референдумот вели дека референдумот е неуспешен, а Владата треба да се соочи со одговорност пред народот. Според него, Македонија останала непоразена. Иванов порача да не се извртува вистината, бидејќи како што кажа, референдумот е неуспешен. Порака испрати и до Собранието, на кое му порача дека треба да го послуша народот кој испратил јасна порака.

— реклама —

„На вчерашниот референдум, народот го отфрли преспанскиот договор. Народот е против наметнати и избрзани решенија. Пораката е испратена. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја поценувајте суверената волја на народот. 36,9 излезност не е волја на народот, туку 69 отсто кои не излегоа. Реалноста е дека референдумот е неуспешен. Време е за одговорност пред македонскиот народ“, порача претседателот Иванов.

„Поддршката за ЕУ и НАТО ја намаливте. Ги манипулирате граѓаните, а нашите партнери ги лажете. Истовремено, очекувам набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР сериозно да ги земе забелешките од избирачките места. Оние другите кои се мешаат од страна, да ги почитуваат меѓународните конвенции“, додаде Иванов.

— реклама —

Тој го цитираше и Доналд Трамп и тоа што тој го кажал од говорницата во Обединетите нации.

„Верувам во амбицијата на нашиот народ. Референдумот не е анкета, туку одлука која обврзува. Собранието мора да ја почитува таа одлука. Им честитам на македонскиот народ за нивната одлука“, рече Иванов.

За оние кои излегле да гласаат на референдумот, Иванов рече дека Македонија треба да иде во ЕУ и НАТО, но со реформи, без притисоци и уцени.

„Само цврсто сплотени може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека таму ни е местото. Но таму треба да влезе со човечко достоинство без уцени и притисоци. Имаме два големи предизивика со кои треба да влеземе, тоа се реформите. Со партиски клиентизам и без реформи во правниот систем, не можеме“, додаде Иванов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања