Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж 125 пати удрил жена, камерата снимила се

Маж во американската сојузна држава Њујорк минатата недела удрил 125 пати Азијка, а целиот напад бил снимен од надзорна камера. Полицијата вели дека се работи за злосторство од омраза.

Тамел Еско (42) ја следел 67-годишната жена во петокот, навредувајќи ја и тепајќи ја додека влегувала во зграда во Јонкерс, лоцирана северно од Њујорк.

Полицијата многу брзо по инцидентот го уапсила. Тој е обвинет за обид за убиство и напад, пишува NBC News.

На снимката од надзорната камера се гледа како Еско напаѓа жена додека таа се обидувала да отвори друга врата во фоајето. Тој и пришол одзади, ја удрил во главата, по што таа паднала на земја. Потоа продолжил да ја тепа, удирајќи ја вкупно 125 пати, газејќи ја со нога и плукајќи.

Полицијата соопшти дека жената е во стабилна состојба и се опоравува во болница. Таа се здобила со фрактура на коската на лицето и крварење во мозокот.

На почеток