Македонија

Се кршат копја помеѓу обвинителството на Рускоска и Боки 13, се убедуваат дали има или нема вина во Меѓународен сојуз

Судот да ги прогласи за виновни Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Јасна Ерценовиќ, Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска побара Обвинителството. Обвинителката Ивана Трајчева тврди дека докажа вина кај Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ремнски, Јасна Ерценовиќ, Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска.

Според Пеливанов, Јовановски ветувал изградба на старечки домови, а не планирал да ги реализира проектите. Тој тврди дека докажале дека ако Фросина Ременски не одела на состаноци со бизнисмени – Јовановски немало да склучи договори преку „Меѓународен сојуз“ со бизнисмени. Побара осудителна пресуда и за Јасна Ерцеговиќ и асистенката Христина Блажевска, со тврдење дека докажале помагање.

„Од изведените материјални и вербални докази се докажа дека Јовановски ги довел во заблуда оштетените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски кои се сопственици на фирми, а со цел да набави протиправна имотна корист за себе. Двајцата кажа дека од Бојан Јовановски им бил презентиран проект за старечки домови и дека ќе обезбеди државно земјиште. Тие утврдиле дека имале исплатливост од тоа, склучиле и договор. Но пред договорите, имало убедување на состаноци каде биле Бојан Јовановски, Фросина Ташевска-Ременски, Јасна Ерцеговиќ. Јовановски знаел дека не може да се обезбеди земјиште за објектите, но не им кажал на оштетените. Тој ги држел во заблуда, со цел да извлекува парични средства од нив. Упорноста на Јовановски не се утврди само од оштетените, туку и од сведоците Агапи Дика, Јордан Камчев, Лилјана Тодоровска“, рече Пеливанов.

Aдвокатот Сашо Дуковски вели дека скоро секој во државава го познава стопанственикот Силјан Мицевски, па посочи: „Бојан го измамил Силјан? Бојан? Кој може да ме убеди во тоа? А немал ни таква намера. Треба да имате докази за тоа, а не да кажувате имало средби, присуствувале други. Да добиел пренамена на земјиштето, сега таму ќе имаше објект за стари лица“. Дуковски додава: „Нека се обиде било кој од нас да му побара на Силјан Мицевски 70.000 денари, а не 700.000, па да видиме дали ќе ги добие“.

„Ардијан Амзоски не е ништо повеќе од полномошник во 2017 година на ‘Дрим билдинг’ и не може да биде оштетен. Кој е оштетен Силјан Мицевски или „Пелистер“? Не знам дали Силјан е оштетен или сведок, а третиран е како сведок. Како тоа е Силјан Мицевски измамен од страна на Бојан Јовановски кога тој на расправа пред овој суд на 29.04. 2021 година наведува дека прочитал во дневна нова за овој проект и затоа пристапил и стапил во контакт со Меѓународен сојуз, се со цел да се остварат тие проекти кои што се однесуваат на Меѓународниот сојуз а тоа е изградбата на дом за стари лица.

За овој договор со ‘Пелистер’ има повеќе акциски планови, а и самиот Силјан Мицевски биле ангажирани стручни лица, а од ‘Меѓународен сојуз’ биле ангажирани професори и асистенти од Градежниот факултет. Значи имате разговори, договори, акциски планови – но не, не е доволно, Бојан измамил.

Лилјана Тодоровска лаже, беше откриена на неколку пати при директно испитување! Не може да му се верува на такво сведочење! Таа жена прима на сметката каде е единствен потписник, износ од 719.000 евра во денари и во врска со тој факт, на мои прашања велеше: ‘Јас не видов кому и кој ги пратил парите’. Тие пари, јас ќе се согласам со обвинителот за една работа, тие пари се легални. Е сега не ми е јасно како тие исти средства кои биле легални, а биле префрлени според договорот, сега се трансформираат во измама? Кога ќе го прочитате записникот ќе видите дека дава одбрана, бидејќи беше уплашена. Истото го правеше и сведокот Кухар“, праша Дуковски.

И адвокатката за која судијката кажа дека е полномошник на Ардијан Амзовски најави дека си бараат оштета од обвинетите

„Како полномошник на Ардијан Амзовски, останувам кон истакнатото побарување како и кон обвинителниот акт. Пред јавувам трошоци во постапката“, рече адвокатката.

На почеток