Свет

Путин го објави планот за Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го претстави својот план за Крим.

Тој рече дека голем проблем е водоснабдувањето на таа територија.

„Ништо не е направено со децении за да се реши овој проблем“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија направила нови системи за водоснабдување на Крим и оти треба да се забрзаат сите инфраструктурни проекти.

„Ова е важна работа за развојот на туризмот и економијата, мора да направиме се за да го решиме“, рече тој.

Путин истакна дека и покрај санкциите на кои Русија е изложена поради воената операција, таа мора да продолжи да работи на проекти за Крим.

„Мораме уште повеќе да работиме на Крим“, посочи тој.

Путин рече дека големите руски компании, вклучително и банките кои порано се плашеа од санкции, сега можат да почнат да работат на Крим.

Путин нареди државната програма за развој на Крим и Севастопол да биде продолжена до 2027 година, а во иднина – до 2030 година.

Путин нареди државната програма за развој на Крим и Севастопол да биде продолжена до 2027 година

„Имаме уште многу да направиме за проширување на сообраќајната, енергетската и друга инфраструктура. Во таа насока, предлагам да се прошири државната програма за социо-економски развој на Република Крим и градот Севастопол“, рече Путин.

Обединувањето на Крим и Русија беше правилна и навремена одлука, рече Путин.

Според него, за исправноста на таквата одлука сведочи и она што се случува во Донбас.

„Луѓето на Крим и Севастопол не трепнаа, тие се собраа и победија, тие го направија својот слободен, свесен избор да бидат заедно со Русија. Изминатите години убедливо покажаа колку овој избор беше правилен и навремен. Погледнете само што се случува денес. во Донбас“, рече Путин.

На почеток