Свет

Украинец објави видео во кое руски генерал опишува како се освојуваат балтичките земји

На крајот на минатата година, Руската јавна телевизија емитуваше емисија во која гостин беше поранешен висок офицер на руската армија и објасни како да ги окупира балтичките земји и дел од Шведска.

Емисијата се емитуваше минатата година, но деновиве на ова видео се потсети Антон Герашченко, советник на украинската влада, пренесува британски Сан.

„Шизофренците планираат да ги нападнат Шведска и балтичките земји. Очигледно им снема апчиња поради санкциите“, рече Герашенко на телеграм каде што објави видео. Сепак, треба да се нагласи дека се работи за постара снимка.

Балтичките земји, Естонија, Летонија и Литванија се членки на НАТО. Шведска е неутрална, но во последните години, поради страв од Русија, значително ги зголеми своите воени капацитети.

Сценариото на руската окупација на ТВ каналот Росија 1 го презентираше полковник Игор Коротченко, поранешен припадник на рускиот Генералштаб и воздухопловни сили, а моментално резервен офицер, пишува Sun.

„Вака би можело да изгледа сценариото за окупација на балтичките земји“, рече Коротченко, а потоа покажа на картата.

Картата, според The ​​Sun, била на англиски јазик. Коротченко прво зборува за масовен радио-електронски напад што ќе ги заслепи радарите на НАТО.

Тој потоа објасни дека руските сили ќе слетаат на шведскиот остров Готланд, а потоа авионите ќе го донесат системот С400.

„Веќе се испорачани, а никој уште ништо не гледа. Западот се прашува: Зошто не гледаме ништо? Што ни се случи со радарите“, замислува Коротченко потенцијален настан.

Тогаш, вели тој, би била прогласена зона за забранети летови на голема површина, а целото Балтичко море, додава тој, би било под руска контрола. Тој вели дека западните сили кои се таму ќе се предадат. Сценариото завршува со признавање на владеењето на Москва од страна на балтичките земји, а Шведска ветува неутралност и 99-годишно право на Русија на Готланд.

На почеток