Коронавирус

Јужна Кореја: За еден ден над 620.000 заразени со ковид

Јужна Кореја вчера забележа дури 621.326 нови случаи на заразени со корона, што е рекорд на оваа земја од почетокот на пандемијата.

Во земја со околу 52 милиони жители, практично секој 80-ти жител се разболел за само 24 часа.

Истиот ден се регистрирани 429 смртни случаи од Ковид.

Земјата, која долго време се сметаше за многу успешна во борбата против коронавирусот, во моментов се бори со многу силен бран на епидемиjaта предизвикан од омикронскиот вид коронавирус.

Властите во Сеул размислуваат за заострување на мерките, кои во моментов вклучуваат забрана за собирање повеќе од шест лица и ноќен полициски час.

Повеќе од 11.000 луѓе починале од пандемијата на коронавирусот во Јужна Кореја од почетокот на пандемијата.

На почеток