Скопје

Во населбата Даме Груев се крадат телефони од деца, објавен апел за внимателност

Жител на населбата Даме Груев која се наоѓа во општина Ѓорче Петров предупредува дека зачестено се крадат телефони од деца. Тој објаснува дека тоа се прави од групи, кои прашуваат: „колку е часот?“, па им ги одземаат уредите од раце.

„Почитувани..сакам да предупредам за во населба Даме Груев посебно да се укаже на вашите деца дека во текот на оваа недела од страна на малолетници …. се украдени мобилни телефони од раце на деца (прво го прашува дете колку е саат детево го вади мобилниот да му каже и во моментот му го одзема од раце и бега). Затоа разговарајте со вашите деца да не ги вадат мобилните за да не наседнат на замката. Поздрав се надевам дека ке има резултат ова“, пишува загрижен жител.

На почеток