Свет

По речиси еден месец потрга, две момчиња пронајдени живи во амазонската прашума

Локален Бразилец пронашол двајца малолетни браќа кои биле изгубени во амазонската прашума цели 26 дена.

Момчињата имаат седум и девет години, пишуваат странските медиуми.

Браќата Глеикон и Глауко Фереира беа пронајдени со тешка неухранетост, дехидрација и гребаници и ќе останат во болница.

Тие се префрлени во детската болница во Манаус, главниот град на сојузната држава Амазонас.

Во писмената изјава, владата на Амазон соопшти дека децата исчезнале на 18 февруари, а биле пронајдени на 15 март.

Таткото на двете момчиња, Клаудион Рибеиро Фереира, рече дека потрагата била тешка и дека 260 луѓе ги бараат неговите синови, вклучително и воената полиција и другите служби за итни случаи.

„Беа пронајдени кога слушнале како маж сече дрво во џунглата. Помладото дете врескало, човекот отишол кај нив и успеал да ги најде“, рекол таткото.

На почеток