Некатегоризирани

Промовирањето на руска верзија на европската историја им штети на сите оние кои се противат на убивањето на украинските граѓани, вели Амбасадата на Полска

Московскиот весник Правда објави текст во кој Полска ја нарекува „хиена на Европа“ и повикува на нејзина денацификација. На ова реагираше Амбасадата на Република Полска во Скопје.

„Во последно време некои македонски електронски медиуми објавија текст на московскиот дневен весник Правда за Полска, нејзината историја и неодамнешната посета на европските политичари на завојуваниот со Русија Киев.

Бројот на информации кои не се во согласност со фактите и реалноста претставени во цитираниот текст ги надминува границите на апсурдот – како што е констатација дека Полска, која изгуби 6 милиони граѓани и 20% од својата територија, на крајот на Втората
светска војна, излезе добитник благодарение на Сталин и Советскиот Сојуз.

За жал ваквите лажни информации и бесмислици стигнуваат и до македонскиот читател. Промовирањето на руската верзија на европската историја и на невистините причини за руската агресија во Украина им штети на сите оние кои се противат на убивањето на
украинските граѓани и на бомбардирањето на украинските градови. Тоа го ослабува и нашиот заеднички сојуз – НАТО и нашите заеднички напори да го спасиме мирот во Европа“ се вели во соопштението од амбасадата.

На почеток