Украина: Убивме уште еден руски генерал
Украина тврди дека убила уште еден руски генерал.
„Како резултат на нападот на непријателот, загина командантот на 8-та армија на јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал полковник Андреј Мордивчев.
Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на Твитер.
Ова е петти руски генерал кој, според Украинците, загинал за нешто повеќе од 20 дена војна.
Пред само три дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградието на југоисточниот град Мариупол.
💥Внаслідок нанесення вогневого ураження по противнику, знищено командувача 8-ї загальновійськової армії Південного військового округу збройних сил російської федерації генерал-лейтенанта Андрія Мордвічева. 🦾 pic.twitter.com/gNfSCMIpkw
— Генеральний штаб ЗСУ (@GeneralStaffUA) March 19, 2022