Свет

Руската ФСБ предупредува: Украинските мини може да стигнат до Босфор

Мини поставени од Украина во Црното Море би можеле да стигнат до Босфорот, предупредува руската ФСБ.

Руската тајна служба забележува дека украинските поморски сили поставиле мински полиња на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни.

„Поради лошите временски услови, каблите што ги поврзуваат мините со долните котви се искинати. Така, под влијание на ветерот и струите, мините слободно се движат во западниот дел на Црното Море“, соопшти ФСБ.

ФСБ нагласи дека, според Конвенцијата за поставување на подводни мини што автоматски експлодираат, е забрането поставување мини прицврстени на сидра, кои автоматски експлодираат од контакт.

Се истакнува дека мините биле поставени по најавата на Руската Федерација за почеток на специјална операција за заштита на Донбас на 24 февруари.

На почеток