Македонија

Мицкоски нема оправдување за аздисувањето и неработата на градоначалниците на ВМРО-ДМПНЕ, вели СДСМ

Христијан Мицкоски со ништо не може да го оправда неработењето и аздисувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници во најголем дел општини, тие не работат ништо, не ги реализираат проектите што им ги ветија на граѓаните, ниту дека се кадарни да ги реализираат веќе започнатите проекти.

Милиони евра од општинските буџети за партиски вработувања, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања, тоа не се подобрувања на локални политики, тоа е аздисување.

Истовремено, се жалат дека општините немаат пари и бараат помош од Владата, наместо да им помогнат на граѓаните во време на криза.

Катастрофата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не се оправдува со ништо.

На граѓаните ништо не им значат измислиците кои со намера ги кажува Мицкоски за да се оправда, туку очекуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нешто да сработат.

Ако се грижеше за граѓаните Мицкоски ќе ги повикаше градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да го запрат ова аздисување и трошење на парите на граѓаните и ќе побараше да земат нешто да работат“, се вели во соопштението.

На почеток