Власт: Цел град тестиран три пати, епидемијата под контрола


Кинескиот град Шенжен најави дека од денеска ќе им овозможи на компаниите повторно да почнат со работа, како и дека ќе се обнови јавниот превоз.
Ваквата одлука е донесена дури откако жителите на тој град направија три тестирања за Ковид-19.
Владини претставници на прес-конференција соопштија дека епидемиската ситуација во овој голем производствен центар на југот на земјата е ставена под контрола, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.
Во Шенжен на 12 март се потврдени 60 локални случаи, што е најголем регистриран број на заразени во градот од почетокот на првиот бран на епидемијата.
Според властите во Шенжен, јавниот превоз, вклучувајќи автобуси и метро, е суспендиран во градот оттогаш, а на жителите им било кажано да не го напуштаат градот освен ако не е потребно, додека не спроведат три рунди масовно тестирање.
