Русија: Го погодивме центарот за обука на странски платеници со крстаречки ракети
Од
Објавено на
Руски сили со крстосувачки ракети го погодија центарот за обука на украинската армија во областа Ривне на западот на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Прецизен удар со крстосувачки ракети лансирани од воздух го погоди центарот за обука на странски платеници и украински националистички формации“, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.