Свет

„Имате моќ, Русија нема да има пари без вас“, Зеленски ја повика Германија на поостри потези

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја повика Германија да се откаже од снабдувањето со руски енергетски ресурси, како и да ги затвори пристаништата за испорака на руска стока.

„Германци, вие имате моќ, Европа има моќ. Без трговија со вас, без вашите компании и банки, Русија нема да има пари… Ниту едно евро за окупаторите, затворете ги сите ваши пристаништа, не доставувајте стока, отфрлете го рускиот енергија“, рече Зеленски во своето обраќање.

Германскиот министер за економија и енергетика Роберт Хабек претходно изјави дека неговата земја сè уште нема доволно снабдување со гас за да се откаже од руските испораки пред следната зима.

Според претходното соопштение на германската влада, земјата има намера да ги диверзифицира изворите на енергија поради ситуацијата во Украина, со цел да се ослободи од таканаречената енергетска зависност од Русија, која во моментов продолжува да снабдува јаглен, нафта и гас за Германија.

Од друга страна, официјална Москва денеска предупреди дека Европа ќе биде сериозно погодена во случај на ембарго на руската нафта, бидејќи тоа би го нарушило енергетскиот биланс на континентот, додека САД не се засегнати од таквата одлука.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека прашањето за каква било забрана за увоз на руска нафта е многу сложена тема, пренесува Ројтерс.

На почеток