🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

ФСБ бара забрана за Фејсбук и Инстаграм во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
iveqgpr0mxohbhtipzy0

Руската Служба за безбедност (ФСБ) денеска побара забрана на американските социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, на првиот ден од судењето за екстремизам, додека репресијата врз медиумите се интензивира по инвазијата на Украина.

— реклама —

„Активностите на Мета се насочени против Русија и нејзините вооружени сили. Бараме нејзина забрана и итна примена на оваа мерка“, рече портпаролот на ФСБ Игор Коваљевски на сослушувањето, пренесе агенцијата Интерфакс.

Државниот обвинител побара и забрана на Мета „поради очигледни знаци на екстремистичка активност“. Сепак, тој побара апликацијата за пораки WhatsApp, исто така во сопственост на Мета, да биде исклучена од забраната.

— реклама —

На 11 март руското државно обвинителство побара Мета да биде означена како екстремистичка организација, со што се отвора патот за забрана на сите нејзини активности во Русија.

Државното правобранителство оцени дека Мета ги оправдува „терористичките акции“ и поттикнува „омраза и непријателство“ кон Русите.

Руската новинска агенција ТАСС соопшти дека претставникот на Мета пред судот во понеделникот изјавил дека компанијата последователно ги променила своите правила за да спречи „русофобија и повици за насилство“.

Инстаграм, Фејсбук и Твитер веќе се блокирани во Русија, каде речиси им е забранет пристапот, освен преку приватна виртуелна VPN мрежа.

Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руската влада значително го зајакна надзорот на информациите на Интернет, еден од последните слободни медиуми во земјата.

Минатата недела телекомуникацискиот регулатор Роскомнадзор ја обвини и американската компанија Гугл и нејзиниот видео сервис Јутјуб за терористички активности, што е прва фаза кон можна забрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Одиме на преговори со Американците, но не го даваме Донбас

Свет | пред 13 часа

media-libraryrdqiq5hhgnfi6bz1jEq

Русија оваа година потрошила 5,1% од БДП за војната во Украина

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2022-02-27-120002

Путин: Руската армија во 2025 година зазела над 300 населени места во Украина

Свет | пред 1 ден

tramp-putin

Нов притисок врз Москва: Санкции за нафтата ако нема мир со Украина

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања