Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Одиме на преговори со Американците, но не го даваме Донбас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Нови преговори меѓу Украина и Соединетите Американски Држави, насочени кон изнаоѓање решение за ставање крај на војната, ќе се одржат утре и задутре во САД, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

„Во петок и сабота нашиот тим ќе биде во САД. Веќе се на пат, а Американците ги очекуваат таму. Не знам дали ќе има и други учесници, можно е да присуствуваат и Европејци“, изјави Зеленски пред новинарите, без да прецизира кој ќе ја сочинува украинската делегација.

Овие разговори ќе се одржат во пресрет на најавената средба меѓу руски и американски претставници, која, според функционер од Белата куќа, треба да се одржи за време на викендот на Флорида. Од Белата куќа засега нема официјални информации за составот на руската и американската делегација.

— реклама —

Според порталот „Политико“, САД на тие разговори ќе ги претставуваат специјалниот пратеник за Украина Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Од руска страна, пак, се очекува учество на пратеникот на Кремљ за економски прашања Кирил Дмитриев.

— реклама —

Зеленски повтори дека позицијата на Москва е јасна и непроменета.

„Сите го знаеме ставот на Русија – тие сакаат да го заземат целиот Донбас, а во моментов бараат ние да се повлечеме од тој регион“, изјави украинскиот претседател.

— реклама —

Индустрискиот регион Донбас ги опфаќа Луганската област, која е речиси целосно под контрола на Русија, и Доњецката област, од која околу 20 проценти сè уште се под контрола на украинската армија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 16 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања