Карлеуша проговори за бракот со Душко


Душко и Јелена од 1 јануари ги полнат насловните страници на домашниот печат. Најпрвин поп-дивата направи спектакл за дочекот на Новата година пред Собранието, а потоа неколку дена подоцна на Божиќ следеше драма во семејниот дом.
Јелена го пријавила Душко за насилство, па судот и забранил триесет дена да се приближува. Два месеци подоцна се чини дека се спушти прашината, но не и љубопитноста на јавноста која не престанува да се прашува што се случува во нивниот брак и во каква врска се сепак Душко и Јелена.
По одличниот настап на Копаоник на фестивалот „Music Week“, повеќе од расположена, Јелена реши првпат да одговори на прашањето за нејзиниот сопруг.
На новинарско прашање каков е нејзиниот сегашен однос со сопругот Душко Тошиќ, ЈК имаше подготвен одговор.
– Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не беше во ред со него? Мислам, отсекогаш сум го тврдела тоа, но сега имам потврда – кратко изјавила таа.
