„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Арсовска го потпиша договорот за реализацијата на европскиот проект Re-Construct

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Konferencija-Re-Construct-7

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го потпиша договорот за почеток на реализацијата на европскиот проект Re-Construct, за креирање и пилотирање екосистем за имплементација на циркуларен модел за справување со градежен отпад.

— реклама —

„Со помош на овој пилот проект за прв пат некоја единица на локална самоуправа ќе го отвори прашањето со третирањето на градежниот отпад и шут од рушење, изнаоѓање на начини за негова иновативна пренамена и негова повторна употреба. Главната цел е да се зголемат и подобрат капацитетите на Град Скопје за транзиција кон циркуларна економија и одржлива реупотреба на градежен отпад преку идентификација на диви депонии, нивно следење и интервенции за справување со градежен отпад“, изјави Арсовска на потпишувањето.

Потенцираше дека со имплементацијата на овој проект се зголемува подготвеноста на градската администрација и јавните претпријатија за имплементирање на иновативни решенија за управување со градежен шут, што практично е почнување на процесот и подготвеноста за транзиција кон циркуларна економија, а истовремено се пренесуваат знаења, искуства и позитивни примери од успешни ЕУ региони во насока на градење капацитети.

— реклама —

Од таму посочуваат дека со реализација на овој проект, Град Скопје ќе добие развиен циркуларен модел за управување со градежен отпад преку вклучување на сите засегнати страни, ќе се намали бројот на диви депонии, а ќе обезбеди и трајно решавање на проблемот со диви депонии.

„Градот Скопје изминатиов период интензивно работеше на чистење на дивите депонии, а периодов работи на чистење на диви депонии и на приватни имоти. Исто така, со проектот Градот Скопје ќе добие и развиена апликација за следење и мапирање на диви депонии, како и комплетна дата база на податоци за диви депонии, чија подготовка е веќе во тек. Со реализацијата на овој проект ќе се зголеми рециклирањето на градежен отпад на територија на градот, ќе биде поставена оперативна механизација за преработка на градежниот отпад, а ќе бидат обучени 30 технички лица за управување со механизација за преработка на градежен отпад, 20 градежници за реупотреба на градежен отпад, а ќе биде изготвен и прирачник за реупотреба на материјали и градежен шут“, потенцираат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1gvc5rjf24hi4Aq49eN

(Фото) Орце со мајстори влезе во Град Скопје, ги трга рампите откако ја испрати Данела

Скопје | пред 1 месец

IMG_2097

Град Скопје до Мицкоски откако им најавија проверки: Политички прогон сакаш да правиш, несреќо

Скопје | пред 1 месец

danela

Данела даде инструкции на Комунална ниту една канта во Шутка да не се собира, ќе одговара, а изјавите и се нискобуџетни, вели Дудуш

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-18-at-16.43.51

(Видео) Жители на Шутка ќе и го однесат ѓубрето пред канцеларија на Данела ако не го собере за 48 часа

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања