СДСМ ја користи ДУИ за блокада на законот за една изборна единица, вели опозицијата
Од
Објавено на
СДСМ ја користи ДУИ за блокада на законот за една изборна единица, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ не сака Македонија да биде една изборна единица, и тие 5 години ги лажат граѓаните дека ќе направат измени на Изборниот законик.
СДСМ ако се искрени во ветувањата ќе поддржат една изборна единица без условувања, а не да ја користат ДУИ за блокада, и изговор.
ДУИ по нарачка на СДСМ блокира, а СДСМ бара консензус. Тие се договорени да не се договорат.
Граѓаните се изиграни од СДСМ. А користени и употребени се и помалите партии во владата како ЛДП, ДП, ДОМ и другите кои очигледно се принудени да молчат кога СДСМ и ДУИ се во прашање“, се вели во соопштението.