Свет

„Русија не може да ја уценува Европа“, вели фон дер Лајен

„Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси. Нема да ѝ биде дозволено да ги заобиколува и избегнува санкциите барајќи плаќање во рубли за нејзините испораки на нафта и гас“, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Тоа би било еднострана одлука и јасно прекршување на договорот“, рече таа, коментирајќи го барањето на Русија нејзината енергија да биде платена во рубли, пренесува Ројтерс.

„Тоа би било обид да се заобиколат санкциите. Нема да дозволиме да се избегнат нашите санкции, изјави таа.

На почеток