Шерифовиќ среде концерт ја запроси колешката
Синоќа на концертот на Марија Шерифовиќ се случи една несекојдневна ситуација која заврши така што пејачката ја праша колешката Сања Вучиќ – сакаш да се омажиш за мене?
Имено, возачот на Марија, Милош, кого често го споменува во своите влогови, излезе на сцената за да и ги даде на гостинката на концертот – Сања Вучиќ ветените 20 евра што пејачката и ги „должи“ од минатата година поради предвидувањето на победата на Италија на Евровизија.
– Еве, твоите 20 евра. Примопредавањето е завршено, изјави Марија.
Сања Вучиќ отпеа една песна. Бидејќи не можеше да го сокрие воодушевувањето од раскошнит глас и атмосферата што ја создаде Сања на концертот, прашањето на Марија следеше како гром од ведро небо.
– Сакаш да се омажиш за мене?, праша Марија.
Тоа е веќе решено, рече Сања Вучиќ.