Предупредување за цунами е издадено на некои делови од Филипини и Индонезија по земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер.
Потресот се случил во јужните делови на Филипини, а целата обала во должина од 300 километри е под опасност од цунами.
Сеизмолозите ги советуваат луѓето да бидат подалеку од плажата.
Иако постои опасност, според првите предвидувања брановите треба да бидат помали од еден метар над вообичаеното ниво.