Свет

Предлогот на Полска може да предизвика Трета светска војна, тврди Лукашенко

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко предупреди дека предлогот на Полска за распоредување западни мировници во Украина може да предизвика Трета светска војна.

– Ситуацијата е многу сериозна и многу напната – изјави Лукашенко, кој и дозволи на Русија да ја искористи белоруската територија за испраќање војници во Украина, пренесува британски „Гардијан“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така го коментираше предлогот на Полска, велејќи дека тоа ќе биде „непромислена и крајно опасна одлука“.

 

To Top