Македонија

СДСМ: По години апатија и уназадување на економијата, денес се бележи економски раст

Економско цунами беше 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое ја опустоши економијата и државата, парите од Буџетот ги трошеше на криминални тендери, лажен барок, споменици, додека граѓаните тонеа во сиромаштија, долгови и неизвесност, велат од СДСМ.

„Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ денес предводено од неспособниот Христијан Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, нема никаков план, нема идеја или програма и затоа постојано шири лажни вести.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно излажа, соопшти дека ќе се зголемуваат платите на замениците на претседателот на Владата, иако Владата јавно ги демантира овие наводи.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економските успеси на Владата предводена од СДСМ која преку суштински реформи ја стабилизира економијата и ја поставува на вистински колосек.

По години апатија и уназадување на економијата, денес економијата е придвижена во вистинска насока, се бележи економски раст, зголемено индустриско производство и извоз, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Најновите податоци објавени од Државниот завод за статиските кадешто во ноември 2018 година е нотиран раст на индустриското производство од 4,9 отсто во однос на ноември 2017 и раст на бројот на работници во индустријата од 3,5 отсто, се само последните во низата економски показатели што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

СДСМ продолжува да работи домаќински, отчетно одговорно и во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лажни вести и деструкција“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток