Македонија

Над 1,2 милиони евра народни пари за партиски вработувања е аздисување на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

Крајно неодговорно и расипнички е во време на најголема глобална криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба да потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања, вели СДСМ

„Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза.

Истите тие градоначалници бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со радикализација, а трошат илјадници евра на скапи компјутери и телефони, на чоколади и сокови.

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари за овие 5 општини. Со овие 1,2 милиони евра може да се реализираат важни проекти, може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во време на криза.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ приритет им е партизацијата на општините, наместо потребите на граѓаните.

Мицкоски за ова адисување молчи, не собра храброст јавно да ги повика своите градоначалници да прекинат со трошење на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа стара нереформирана партија останува симбол на криминал и расипништво“, се вели во соопштението.

На почеток