Потребно е зголемување на сите плати, и раст на пензиите за 20%, а не квази како што прави СДСМ, вели опозицијата
Потребно е зголемување на сите плати, и раст на пензиите за 20%, а не квази како што прави СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ.
“Владата и министерство за образование треба да извршат усогласување на платите со Колективниот договор. Платите на наставниците така ќе бидат до 45.000 денари.
Раст на платите треба да има и во здравството, лекарите и медицинските лица ја напуштаат државата пред се заради ниските примања.
СДСМ треба да прифати и раст на пензиите од 20%, а не 5.5% како што планираат.
Во изминатиов период од година ипол имавме раст на цените на основните продукти и за 70%. Токму затоа е потребно реално покачување на платите и на пензиите”, се вели во соопштението.