Две возила изгореа во пожар во Струга

Од
Објавено на

На 27.03.2022 во 16.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар на излез од Струга, при што била зафатена сува трева и две хаварисани возила во плац на автосервис. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
