Магазин

Македонската инфлуенсерка Шијакоска повторно хоспитализирана

Пред крајот на февруари, една од најпознатите македонски инфлуенсерки, Александра Шијакоска објави дека и е откриен тумор на главата и дека ќе мора да се оперира. Една недела пред својот 29.роденден таа се оперираше, а неколку дена потоа објави дека се чуствува добро и дека сега е пред неа е период на закрепнување. И покрај тоа што споделуваше видеа и фотогрфии дека се оди во најдобар ред, денес објави на Инстаграм, дека повторно е хоспилизирана и дека опоравувањето не е онака како што се надевала.

„Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука“ – напиша Шијаковска. И додава: „Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психичка нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам ова ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам“.
Александра постојано добива поддршка не само од своите блиски туку и од сите кои ја следат на Инстаграм.

To Top