Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на протестите на синдикатите

Платите во образованието да се усогласат со Колективниот договор, ги поддржуваме протестите на синдикатите, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Вработените во образованието се потценети. Потребно е усогласување на платите согласно Колективниот договор со што наставниците ќе земаат и до 45 илјади денари.

Повисоки плати мора да има и во високото образование. Асистент на факултет кој е магистер, а е запишан и на докторски студии зема плата од 23 илјади денари, тоа е демотивирачки за секој млад човек да се занимава со наука.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите. Работниците имаат право да се борат и да го бараат тоа што ги следува.

Дополнително потребни се зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.

Само реален раст на платите ќе го зачува стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

На почеток