Инфлацијата ги јаде примањата на граѓаните, а СДСМ се грижи како нивните голтари да станат милионери, вели ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ освен за своите голтари како да станат милионери не се грижат за ништо друго. Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо, основните продукти и горивата се зголемени и за 70%, а лебот за 110%. За само година ипол горивата поскапеа за 70%, а тие се основен елемент и кај граѓаните и во скоро секоја гранка од индустријата, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Големи суми на пари се трошат за купување на скапа струја затоа што власта не знае да менаџира со енергетските капацитети на државата. Па и до 50% од потрошувачката на струја, беше покривана од увоз кога таа на светските берзи рушеше рекорди. А, немаше струја затоа што во РЕК наместо да се копа јаглен, вртеа камиони со струмички таблици.
Дополнително потребни се зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.
Вработените во образованието се потценети. Потребно е усогласување на платите согласно Колективниот договор со што наставниците ќе земаат и до 45 илјади денари. Повисоки плати мора да има и во високото образование.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите. Работниците имаат право да се борат и да го бараат тоа што ги следува.
Само реален раст на платите ќе го зачува стандардот на граѓаните.
А, во однос на пензиите, Ковачевски треба да каже дека ништо ново не нуди, туку само го враќа моделот што беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година и со кој се покачуваа пензиите се до 2018 година, а го укина Заев. Ковачевски иако го враќа моделот не им ги враќа парите кои Заев во меѓувреме им ги украде.
Лошите политики на владата во изминативе години ги чинат граѓаните многу“, се вели во соопштението.