Македонија

Четири лица изградиле објект на земјиште во сопственост на МПЦ

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.Б.(88) од дебарското село Џепиште, Ј.Б.(62) и С.А.(41), двајцата од Скопје и М.Х.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“. Пријавените, во текот на 2021 година, на различни катастарски парцели во месноста „Манастирец“, атар на општина Центар Жупа, покрај реката Црни Дрим и езерото Шпилје, сопственост на Македонска православна црква, Дебарско – кичевска епархија, бесправно изградиле објекти при што Н.Б. се стекнал со противправна имотна корист од 150.480 денари, Ј.Б. со 106.920 денари, С.А. со 33.660 и М.Х. со 466.527 денари.

На почеток