🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Боки 13 прозборе за тортурата и мајчините солзи: Јасминке моја најмила, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Screenshot-2022-04-07-at-08.58.55

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 одново ја бранува јавноста. Пред неговата пресуда, се заблагодари на неговата мајка Јасминка, како и на најблиските пријатели кои останале до него откако беше притворен, па затворен и осуден. Боки 13 во објавата објавена од негов администратор зборува за тортура која била вршена врз него, кога не дозволувале неговата мајка да влезе во болничка соба каде се лекувал. Како што е познато, Боки 13 неколкупати завршуваше со Брза помош во болница.

— реклама —

„Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе... Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и сите оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам белите листови хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував моите писма од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав... постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа... Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се "смилуваа" и ме пуштија во куќен притвор.... НЕ ПОСТОИ !!! ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато од кое сите ќе научиме по нешто и ќе бидеме уште посилни...“, напиша Јовановски.

„Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш каков сум, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка!!! Само посакувам да си ми здрава и жива ти и татко ми, а за се останато ќе се борам, машки , чесно и достоинствено! Овие фотографии се од дочек на Нова Година 2021 кога бев во куќен притвор, бевме јас, ти, кучињата и неколку наши драги и искрени пријатели, Миле не беше со нас... (а за тоа во друга прилика во засебен текст) нема лажен сјај на сликиве, нема филтри и фотошоп, има само љубов и топлина

— реклама —

Овој пост ќе го завршам со стихови од песна на Пепи Бафтировски. Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам... Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам Ако згрешам, нека изгорам!“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања