Македонија

Во тек е тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, вели СДСМ

Владата предводена од СДСМ е силно посветена на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, veli SDSM

„Во тек е тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ.

Новата фотонапонска електрана е поставена на местото на некогашниот голем загадувач и ќе снабдува со енергија 2.800 домаќинства.

Завршување на тест периодот, официјалното пуштање во употреба на оваа фотонапонска електрана, значи старт на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ како и на кичевскиот регион.

За Владата предводена од СДСМ инвестициите во обновливи избори на енергија се приоритет во време кога енергијата од фосилни горива е се поскапа и се понедостижна.

Донесовме одлука и за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, со што обезбедуваме трајно и стабилно снабдување со природен гас.

Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Владата предводена од СДСМ на дело ја потврдува заложбата за зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори и намалување на зависноста од скап увоз на струја.

СДСМ продолжува да инвестира во она што е важно за граѓаните, државата, и за домашната економија“, се вели во соопштението

На почеток