Македонија

Трипуновски: Земјоделците и Македонскиот аграр го допреа дното а државата стана увозно зависна од храна

Празни прес конференции, популизам и лична промоција, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани елитисти од власта, сите економски показатели ве демантираат во секој поглед. Земјоделците и Македонскиот аграр го допреа дното а државата стана увозно зависна од храна.

Уште еднаш во интерес на вистината интервентниот фонд го немавте предложено во предлог буџетот и на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандмански стана составен дел од буџетот.

Ако навистина сакавте да им помогнете на земјоделците и државата требаше до сега да го распределите слободното државни земјоделско земјиште за да се стигне за пролетната сеидба за да произведеме доволно храна, и под итно да ги исплатите субвенциите во целост за сите земјоделци“; додава тој.

На почеток