Македонија

Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа, вели Николова

На прашањето во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Зекири а претходно и Рашковски, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ вели дека секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на неговата позиција.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која е симбол за криминал и корупција и таа најмалку е повикана да обвинува било кого. Бројните судски процеси којшто и сега се водат против нивните функционерите, дури и нивните признанија во неколку судски процеси се најдобра потврда за тоа.

Има огромна разлика од времето на режимот кога институциите, судството и обвинителството беа под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да гонат, штитеа криминал. На никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, тоа денес веќе не е така.

Од друга страна ние ги овозможуваме сите услови да правосудните органи работат слободно и нивна задача е низ транспрарентни постапки да утврдат дали некој ја злоупотребил својата позиција и согласно доказите кои ги имаат да започнат постапка или не.

Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа и токму во ова време во кое СДСМ владее ги создаваме сите услови за да владее правото“, вели Николова

На почеток