Момчето и девојката кои го претепаа ракометарот одат во притвор
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на ојо скопје, донесе решение да го прифати предлогот на обвинителството и на двете приведени лица, осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот, им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.
Tри лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна девојка. Осомничени за убиството се 28-годишниот А.Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. И 19-годишната К.Л, кои го претепале хрватскиот ракометар, Тот, кој подоцна им подлегна на повредите. Првоосомничениот е во бегство и по него е распишана потерница.